Розово чоколадо со вкус на вино

0

Кога станува збор за иновации во винската индустрија, мислевме дека синото вино е ултимативен хит на кој никој нема да може да му ја одземе популарноста.

Но, излезе дека не е така.

Имено, кога во прашање се иновациите во светот на храната и хедонистичките потреби, најновиот тренд е розово чоколадо со вкус на розе вино. Чоколадо кое е повеќе од генијален изум.

Експертите за чоколадо во компанијата Compartés го привлекоа вниманието на светската јавност со овој производ. Всушност, зборуваме за бело чоколадо кое е обоено во розово со прехрамбена боја, има вкус на розе вино и луксузна амбалажа со кристализирани ливчиња од роза.

compartes-rose-bar

Чоколадото е фенси десерт за оние кои го сакаат најновото, најуникатното и најмодерното.

Ова чоколадо е се што сакавме за идните моменти на луксуз во гастрономијата.

Неговата цена е $9.99. Compartés исто така прават и житарици, роденденски торти и крофни.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар