Роџер Федерер нема да се пензионира пред 2019 година

0

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да ѝ стави крај на својата кариера пред 2019 година. Ова го потврди откако го продолжи договорот за настап на турнирот во родниот град Базел. На тој начин тенисерот уште еднаш ги израдува своите навивачи.

Федерер, неодамна го освои Австралија опен, а деновиве го стави својот потпис за настап на турнирот уште три сезони, односно до 2019 година.

„Се надевам дека ќе се видиме следната година. Ова беше неверојатен пат. Не можам да бидам посреќен што славев тука“ – порача Федерер по освојувањето во Мелбурн на својот 18-ти Гранд слем трофеј и се лини дека оваа негова изјава не е дадена залудно.

Оваа година турнирот во Базел ќе се одржува од 21 октомври, а дотогаш на Швајцарецот му претстојат уште три Гренд слем турнири и неколку мастерси.

„Едвај чекам да заиграм пред домашната публика. Играњето во Базел е еден од најдобрите моменти за мене“ – истакнува Федерер.

Во 2019 година Роџер Федерер ќе има 38 години, но можеби нема да застане тука бидејќи во неколку интервјуа изјави дека ќе се обиде да настапи и на Олимписките игри во Токио, а тие ќе се одржат 2020 година.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот