Родовиот баланс во ИТ секторот – докажан фактор за деловен успех

0

Направените истражувања на ниво на Европска Унија укажуваат на економска оправданост на внесувањето на родовата перспектива во работењето на компаниите. Инвестициите во родовата разновидност и искористување на талентот и потенцијалот на жените се можност за поефикасно решавање на деловните предизвици и за подобрување на работењето на компаниите. Таквите решенија во крајна линија резултираат со зголемување на профитабилноста на компаниите, подобрени решенија за клиентите, зголемена мотивација и продуктивност кај вработените и намалување на степенот на одлив на вработени.

Културолошките и општествени стереотипи, самодовербата, предизвиците со мајчинската улога и други бројни состојби се анализирани како причини за оваа родова дисбалансиранот во развојот на кариерите на жените наспроти мажите. Анализирано по индустриски сегменти, родовата небалансираност варира, но најалармантен во моментов е податокот за радикално ниската застапеност на жените во индустријата на информатички технологии.
Врз основа на претходни истражувања од 2015 година, во Република Македонија во развојот на софтвер и ИТ услуги има помалку жени (27%), а и помалку вработени жени на раководни места (12%) во споредба со мажите и покрај поголемиот број на академски образувани жени.

Доследната примена на активните мерки за родова балансираност и оптимизирање на родовата структура во бројот на вработените се мерки кои и македонските ИТ компании според искуството на глобалните брендови од истоветната индустрија можат да ги применат како една од мерките за подобрување на профитабилност, конкурентноста и стапката на лојалност на вработените.
Актуализирањето на темата за родовиот баланс низ призмата на бизнис резултати е од повеќекратен интерес за компаниите во Македонија. Имено, жените како професионалци поседуваат креативност и организациски способности на позадоволително ниво, што пак низ перцепцијата на работодавците ги позиционира како попреферирана категорија на вработени. Покрај овие професионални карактеристики, жените како професионалци се докажано и полојални вработени, што во ИТ индустријата, која е глобално најбрзорастечката индустрија со истовремено и најсилна флуктуација на кадри, е аспект на кој треба да му се придаде приоритетна важност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот