Рита Хејворт – Трагичниот живот на првата принцеза на Холивуд

0

Ја нарекуваа првата принцеза на Холивуд, иако медиумите во ’40те години ја прогласија за провинцијалка која го остварила американскиот сон.

Родена е на 17 октомври 1918 година во семејство на танчари и забавувачи. Танцувала веднаш штом проодила и тоа од татко ѝ Едуардо кој бил професионален танчар. Живееле во Холувуд каде што им држел часови на холивудските ѕвезди, па кога настанала големата економска криза во САД, тој решил да ја искористи својата, тогаш 12-годишна, ќерка за да заработи.

56dbe2f666f84__rita-hayworth-1

Рита го презирала татко ѝ. Освен што секојдневно ја терал да вежба со часови, ја злоупотребувал сексуално. На 18-годишна возраст добила можност да избега од него, кога го запознала бизнисменот Едвард Џадсон, кој во тоа време имал 41 година. И тој во неа видел можност за заработувачка, па ја одвел во Лас Вегас. Набрзо се венчале, а тој станал нејзин менаџер, па ја „позајмувал“ на влијателните бизнисмени за од неа да направи ѕвезда.

Кога во 1937 година потпишала договор со студиото „Колумбија“, тие ја ангажирале за помали улоги, најчесто за „егзотични танчарки“. Но, сфатиле дека можат навистина да ја направат ѕвезда, ако се ослободат од нејзиниот „латино“ изглед. Новата Рита почнала да добива филмски улоги покрај Кери Грант и Џоан Крафорд. Колку била поуспешна, толку Едвард бил поисплашен дека ќе го напушти, па ѝ се заканувал дека ќе ѝ го уништи лицето со киселина.

istock_000050938198_small

И навистина, 1942 година поднела барање за развод и му ја дала целата своја заработувачка за да се ослободи од него. Набрзо потоа го запознала својот втор сопруг, писателот Орсон Велс. Со него ја добила својата прва ќерка, Ребека, и тоа во времето кога била една од најбараните холивудски ѕвезди.

Кога во 1968 година го запознала принцот Али Кан, веднаш „паднала“ на неговиот шарм. Се венчале по една година, но не без контроверзии, бидејќи Рита била и понатаму во брак со Велс. Заради ова, голем дел од публиката ги бојкотирала нејзините филмови. Кон крајот на 1969 година Рита го родила нивното единствено дете, принцезата Јасмин. Животот во Европа со Кан воопшто не ѝ се допаѓал на актерката која не можела да научи француски. Станала љубоморна, посесивна и со право сметала дека ја изневерува во секоја прилика.

istock_000050938198_small-2

Тогаш решила да се врати во Америка со своите две ќерки и да му се посвети на филмот. Ѝ биле потребни две години да се разведе, а тоа толку ја дотепало, што почнала да пие прекумерно. Одбивала улоги, се заканувала со тужби.

Починала на 69 години од компликации предизвикани од Алцхајмерова болест, која ѝ била дијагностицирана седум години претходно. Кога ги заборавала своите дијалози, колегите и филмската екипа мислеле дека повторно претерала со алкохолот.

И денес нејзина најпозната изјава е „Луѓето си легнуваа со Гилда, а се будеа со мене“, алудирајќи на нејзиниот најпознат филм.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар