Риплеј имаат нова песна – „Така случајно“

0

„Релативно нов бенд“ е едногодишната изрека на РИПЛЕЈ, кои веќе прераснуваат во „познат бенд на музичката естрада.

Две млади талентирани момчиња кои ги споија саксот и гитарата оставаат траг ширум Македонија. Станува збор за вокалистот и гитарист Никола Велиновски од Македонска Каменица и саксафонистот Столе Коцев од Струмица.

„Риплеј“ неодамна го прослави својот втор роденден, а досега за нивниот ангажман и труд можеме да видиме и официјално на нивната фан страница. Нивните кавери ги вклучуваат: Кад Ходаш – Бора Чорба, Кучето мое – Студени нозе, како и познатата Туѓа си бескрајно – Ефто Пупиновски. Овие песни се и дел од репертоарот на „Риплеј“ кои ги пеат и со кои ги забавуваат фановите во локалите низ Македонија. Од еден крај до друг, од исток па до запад, „Риплеј“ станува речиси главна тема на ноќните локали. Со својот континуиран труд, чекорот до успех е неизбежен за бендот. Нивното мото е – Never stop!

„Риплеј“ веќе имаат нова песна, „Така случајно“. Спојот од звуците на гитара и саксофон кои ја откриваат милозвучноста и заводливата страна на македонската поп-музикa, ја создадоа новата песна „Така случајно“.

Песната е со брзи елементи и невообичаена и со сигурност ќе им се допадне на слушателите на македонската музика и ќе стане дел од вашето секојдневие. Тие ја промовираат својата прва авторска песна, која со сигурност ќе влезе во вашите срца.

Во соработка со секогаш оригиналниот Бојан Трајковски (Eye Cue) и „Inovativa group“ направија нешто што ќе остави траен белег на македонската музичка сцена. Бидете подготвени да го слушнете ова уметничко дело…

Kожувчанка како компанија секогаш им помага на младите, па овој пат и тие се вклучија во промовирањето на овој, релативно нов бенд на македонската сцена.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.