Ријана: „Луѓето ќе зборуваат, без разлика дали правиш нешто добро или лошо“

0

Ријана е исклучителен поп идол, секс икона и жена која докажува дека можеме да станеме што и да посакаме, ако силно се бориме за тоа.

Сепак, кога се работи за изгледот таа е исто така обично женско битие, склоно кон добивање на вишок килограми. Ријана во изминатиот период беше тема на озборување токму за својот изглед и добиваше многу негативни коментари за нејзината тежина.

Мораме да признаеме дека и покрај очигледната промена, Ријана дефинитивно знае како да го носи и новото полничко тело. Свесна за себеси и својата градба, таа во најновото интервју за Вог“ изјави дека нејзиното тело претрпело многу варијанти низ годините, но ги прифатила ”сите свои тела” и научила да ги сака.

Нам ни преостанува да продолжиме да и се воодушевуваме и да научиме нешто од неа за самодовербата и љубовта кон својот телесен храм.

Можеби никогаш нема да бидете доволно добри за сите, но секогаш ќе бидете најдобри за некој.“

Всушност потешко е да се биде ранлив, отколку силен.“

Повреди ме со вистината. Не ме утешувај со лага.“

Мислам дека многу луѓе се плашат да бидат среќни поради она што другите ќе го помислат.“

Луѓето ќе зборуваат, без разлика дали правиш нешто добро или лошо.“

Не криј се од она што си.“

Кога ќе сфатите за кого живеете и кој е важен за да му удоволувате, тогаш всушност ќе почнете да живеете. Никогаш нема да се заробам во тоа. Ќе го погледнам мојот живот и ќе кажам дека уживав во него – го изживеав за себе.“

Треба само да го прифатите вашето тело. Можеби нема секогаш да го сакате, но треба да се чувствувате удобно во него, знаејќи дека тоа тело е само ваше.“

Никој нема да може да разбере како сте се чувствувале, се додека не изгори во истиот оган.“

Побарајте прочка од Бог оставете го вашето каење во минатото.“

Секако, сакате да направите нешто поинаку. Но, нема смисла да станете опседнати со жалење за нешта кои не даваат простор за промена.“

Речиси се чувствуваш засрамен, дека некој би можел да стане толку важен што без него ќе се чувствуваш како да немаш ништо.“

Поврзана содржина: Таа е повеќе од обична поп-ѕвезда: 20 лични прашања кои Ријана ги одговори без влакна на јазикот (http://hybread.mk/taa-e-povekje-od-obichna-pop-zvezda-20-lichni-prashanja-koi-rihanna-gi-odgovori-bez-vlakna-na-jazikot-1/)