Риека е европска престолнина на културата за 2020 година

0

Риека е избрана да биде европска престолнина за 2020 година, така одлучи повеќечленото жири со низа стручњаци за култура од Европската Унија.

Во најтесна конкуренција бил и Дубровник, но сепак одлучувачки момент бил проектот со наслов “Luka različitosti“, на кој градскиот началник за култура и неговиот тим, меѓу кои се наоѓа и уметникот Славен Тољ, работеле од 2012 година.

profimedia-0169765197-527x790

Нивната книга за кандидатура, во која секој град морал да одговори на одредени прашања, имала повеќе од стотина различни обработени страници.

Вкупните предвидени трошоци се во износ од 30 милиони евра, од кои дел ќе сноси државата, а останатото градот други финансиери и дел ќе се покрие од европски фондови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.