Резултатите на работа зависат од тоа колку сте одморени

0

Истражување спроведено на 58.500 испитаници во 11 земји низ Европа, покажало дека вработените кои спијат шест и помалку од шест часови дневно, се жалат од стрес на работното место, работат прекувремено, помалку се платени, имаат поголем број прекувремено изработени часови и имаат недостиг од слободно време за опуштање.

Истражувањето наречено „Стресот и спиењето“ било спроведено од страна на меѓународниот сервис Paylab.com како и порталот „MojPosao“, а во него учествувале земјите: Хрватска, Литванија, Унгарија, Летонија, Естонија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Чешка и Словачка.

Околу 40% од испитаниците во текот на работната недела, во просек спијат од 6 до 7 часови дневно, подеднакво жени и мажи. Една третина од испитаниците спијат помеѓу 7 и 8 часови, а петина 5 или 6 часови, додека само 4% спијат повеќе од 8 часови дневно. Според годишна воздраст, најмногу спијат најмладите, односно 40% од испитаниците на воздраст од 24 години во просек спијат 7 до 8 часови дневно, а 37% од нив спијат еден час помалку.

Најмалку спијат постарите од 55 години, само четвртина од нив спие од 7 до 8 часови дневно, додека пак половина од нив спијат од 6 до 7 часови.

Најмалку спијат оние со најниска месечна заработувачка, само третина од нив спие седум или повеќе часовни дневно. Околку 40% од испитаниците со повисоки месечни примања спијат 7 или повеќе часови дневно.

Стресот на работа во најмала мера го чувствуваат најмладите испитаници, а петина од нив изјавиле дека воопшто не доживуваат стрес. Најмногу стрес чувствуваат испитаниците од 35 до 44 годишна воздраст, а само 8 проценти од нив не чувствуваат никаков стрес.

Само 5% од постарите од 55 години не доживуваат стрес на работа.

Испитаниците кои во просек спијат помалку часови, чувствуваат повеќе стрес на работа –дури 97% од оние кои спијат помалку од 5 часови дневно се изјасниле дека се подложни на стрес. Од друга страна, околу 80% од оние кои спијат повеќе од 8 часа изјавиле дека не чувствуваат стрес на работното место.

Извор: dominomagazin.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот