Револуција од Wella Professionals

0

Познатиот бренд Wella Professionals Македонија, на 7 Мај во хотел Queen Т.Ц. Зебра, од 12 до 15ч оддржa Wella настан на кој присустуваа голем број фризери, професионалци кои што имаа можност да погледнат и дознаат сѐ за новитетите Wellaplex и Color Fresh Create од Wella Professionals. Беа претставени се WELLAPLEX и COLOR FRESH CREATE, два нови револуционерни производи за нега и убавина на косата.

Акцентот беше ставен на жените кои имаат проблем со оштетена коса, односно за брза регенерација и трансформација во здрава коса.

За таа цел на настанот беше претставен WELLAPLEX производот.

Овој производ содржи Opti pH System, технологија која навлегува длабоко во влакното на косата и ги реконструира врските со што се добива поцврсто влакно. Технологија со уникатна pH вредност која гарантира оптимално навлегување на молекулите за осветлување и боење на косата. WELLAPLEX содржи два производи за професионална употреба No1 Bond Maker и No2 Bond Stabilizer, со кој се добиваат веднаш видливи резултати и No3 Hair Stabilizer за домашна употреба.

Неколку храбри девојки не воодушевија со свеж и негуван изглед на косата благодарение на COLOR FRESH CREATE боите од Wella. Овие бои црпат инспирација од модата, природата, индивидуалноста и секојдневието. Највозбудливиот спектар кој нуди 12 живописни нијанси и една неутрална, чиста нијанса кои зрачат со перфектност и свежина. Магија од нијанси на бои кои можат и да се мешаат меѓусебно, а траат и до 20 миења.

На настанот беа присутни Лукаш Рутковски – официјален Wella Professionals тренер, Верче Оречовска – тренер за Wella Professionals Македонија, Ѓорѓе Бјелиќ и Бојан Ивановиќ-Џон – тренери за Wella Professionals Србија, кои како врвни професионалци се погрижија за свежиот и негуван изглед на косата на овие девојки.

Модната дизајнерка Олгица Ѓорѓиевска се погрижи за изборот на облека за девојките, а за шминката мејкап артистката Ружица Ристовска со козметика Shiseido.

За свежиот изглед и стилот на косата не постојат ограничувања во годините. Доживејте револуционерна промена – дајте ѝ живот и боја на косата со Wella Professionals.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.