Ревијата на Викторијас Сикрет во Париз, најисчекуваното модно шоу во годината

0

Викторијас Сикрет, компанијата за долна облека и козметика што подеднакво ја сакаат и мажите и жените (некој заради производите, некој заради девојките што ги промовираат производите), ги завршува подготовките за годишната модна ревија, јаготката на шлагот за оваа сезона.

a

Овој пат американската компанија реши шоуто да се одржи во Париз.

Ангелите на Викторијас Сикрет се веќе во градот на светлината, а ним им се придружи и Лејди Гага која ќе биде една од главните музички ѕвезди на вечерта.

aaa

Секако, како и секоја година, организаторите најавуваат неверојатен спектакл, и не се сомневаме дека ќе ги исполнат ветувањата.

А во меѓувреме, крајните подготовки вклучуваа и фотосесија на дел од скапата и луксузна долна облека што ќе ја презентираат.

aa

И колку да ни ја заскокоткаат фантазијата, во јавноста објавија неколку фотографии од зад сцената.

Се надеваме ќе уживате во глетката на Јасмин Тукес, Алесандра Амбросио, Адриана Лима, Стела Максвел и сите заводливи ангели.

aaaaa

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.