#РетвитниОброк – акција која трае една година

0
фото: Твитер

#РетвитниОброк е неформално здружение на млади луѓе чија цел е да помогнат на други луѓе. Секој сабота 120 бездомници добиваат оброк, а секој петок младите се собираат во Младинскиот образовен форум или во црквата „Гласност“ кај Универзална сала за да го зготват јадењето за следниот ден.

Може да се вклучи секој кој што сака да биде хуман, да зготви и да помогне.

Нивната цел е да се крене свеста на луѓето и да не се фрла попусто храната која може да се искористи понатаму.

Инаку, #РетвитниОброк е акција која е активна повеќе од една година.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот