Ресторан Бакал – дестинација за опуштени мигови со вашите најсакани

0

Без разлика на тоа со колкав стрес се соочувате, секогаш треба да најдете време за себе и да се релаксирате на добро место со вашите најсакани.

Освен времето, важно е да ја најдете и вистинската дестинација на која ќе поминувате мигови со саканите. Дестинацијата треба да биде мирна, убава, далеку од градскиот метеж и совршена за пријатни моменти на среќа.

Ние веќе ја одбравме вашата дестинација за среќа, ресторанот Бакал во тетовското село Бревеница. Дозволете ни да ги испланираме сите ваши важни моменти на хармонија, спокој и радост.

13432243_489989394531300_8324944155938588945_n

Кога ќе пристигнете во Бакал, ќе ве воодушеви волшебната градина која наликува на оние кои ги гледате само по списанијата и помислувате дека ги нема кај нас. Градината на Бакал е идеално место за долги попладневни седенки со сите оние луѓе кои се важни во вашиот живот, оние кои ве насмевнуваат, оние кои ве прават среќни. Колоритните цветни аранжмани, фонтаната која нуди релаксирачки звуци и глетки кон зелените дрвја кои ќе ве наполнат со енергија и свежина.

А, луѓето кои се важни во вашиот живот треба да се хранат само со најдоброто, нели? Ресторанот Бакал нуди богато мени, со највкусните јадења кои ќе го задоволат и најпребирливиот човек. Од вегетаријанска храна, па се до неодоливи специјалитети од месо, Бакал ќе ги разбуди сите ваши сетила.

12507441_433731563490417_2796599794843975294_n

Ресторанот Бакал ви нуди незаборавен, интимен и релаксирачки амбиент за сите оние часови кога сакате максимално да уживате во животот. Добро обучениот и услужлив персонал ќе ви ја открие магијата на неверојатно вкусната храна, декорот во градината ќе ве направи да се чувствувате како да сте во некој монденски град…

Бакал е тајна која мора да се открие. Тајна која ќе ве направи расположени после напорниот ден, среќни што поминувате часови со вашите најсакани на прекрасно место, релаксирани како никогаш досега. Запомнете, за вашата среќа во неограничени количини, најдобрата храна и шармот на природата – сите патишта водат кон Бакал.

13537575_489989431197963_3989926174950175031_n 12346691_1087882427911146_1802443107_n-1 12336019_1087882651244457_941520698_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.