Репортажа Сахара

0

Пустините всушност претставуваат делови од планетата Земја кои имаат сиромашна вегетација, екстремно високи температури, мал животински свет. Со пустина е покриена околу 20% од вкупната површина на нашата планета.

Сахара е втора по големина пустина во светот со површина од над 9.000,000 км2 и се наоѓа во Северна Африка. Нејзиното име претставува латинизиран облик од арапскиот збор “пустина”. Таа постои повеќе од 3.500 години.

Таа месечно се проширува за околу 1 километар.

Во минатото територијата на денешна Сахара имала богата вегетација, но со разни тектонски промени кои се случувале низ годините предизвикале некои делови да се исушат , односно климата комплетно да се измени и таа територија да стане пустина.

На некои делови од Сахара дожд нема заврнато повеќе од 40 години.

Поради лошите климатски услови во Сахара нема голем број население. Вкупно во пустината живеат околу 2.000.000 жители, претежно во оазите или во нивна близина. Најмногу од нив се Беребри, Туарези, Копти и Бедуини.

Средната годишна температура е 30 °C. Максималната температура е 58 °C (во Либија). Разликите помеѓу дневните и ноќните температури е од 15 до 30 °C.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.