Проект “Removed” – Фотограф ги отстранува мобилните телефони од неговите фотографии за да ја покаже зависноста на денешницата

0

Американскиот фотограф Eric Pickersgill ги отстрани смартфоните и другите дигитални направи од неговите портрети од секојдневниот живот. Проектот наречен “Removed” ја демонстрира човечката зависност од технологијата и хипер-конективноста, а Pickersgill и самиот признава дека е еден од зависниците.
Фотографот се инспирирал од случајна средба во њујоршки кафе-бар. „Семејство седеше спроти мене во мало кафуле во Troy, NY, толку дисконектирани еден од друг,“ вели фотографот. „Едвај по некој збор разменет, и таткото и ќерките зјапаат во своите телефони. Мајката или не поседува телефон или не го носи, гледа низ прозорецот, тажна и осамена, во друштво на своите најблиски. Таткото одвреме-навреме и кажува по некоја информација што ја видел на интернет.“

Фотографот го постигна овој надреален ефект прашувајчи непознати лица и пројатели да останат во позицијата кога го држат телефонот за тој да ги фотографира.
Погледнете го резултатот:

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13