Редок Aston Martin се продава за 3,3 милиони долари

0

Еден од 77-те примероци на Aston Martin One-77, е ставен на продажба од дилер на британската компанија во Германија. За овој редок модел продавачот бара 3,3 милиони долари.

Aston Martin One-77 со број 67 бил пуштен во продажба во април 2011 година и досега автомобилот има поминато само 1.800 километри. Имајќи ја предвид одличната состојба, не е ни чудо што беше поставена таква висока цена. Очигледно е дека тој е предвиден за колекционери, коишто сакаат да имаат толку редок модел во својата гаража.

Да потсетиме дека Aston Martin One-77 има 7,3-литарски мотор V12, којшто овозможува развивање на брзина на автомобилот до максимални 355 километри на час.

 

Остави коментар