Рецепт за успешна кариера

0

Некои од најуспешните луѓе имаат рецепт за успех во кариерата…

Основна цел на секој професионален однос е учење и придонес. Од тоа произлегуваат фантастични резултати. Ви ги пренесуваме оригиналните совети на некои од најуспешните луѓе на 21-от век…

Секогаш бидете љубезни кон вашата секретарка

Без разлика на која позиција се наоѓате вие – не ја потценувајте моќта која ја имаат секретарките. Никогаш не знаете какви познанства имаат тие –  Ambra Benjamin, стручен соработник во Фејсбук.

Запознајте ги својте слабости

Запознајте ги сопствените демони и слабости. Ако не сте свесни за нив, прашајте ги другите. Иако можеби ова нема да биде лесен одговор, прашајте ги вашите колеги кои вашите најголеми маани – откако ќе ги освестите, дури тогаш ќе може да превземете нешто за тоа – David Osborne, претседател и основач на Simemetry Solutions.

Да се биде симпатичен е предност

Работодавците сакаат да работат со луѓе во чие друштво, покрај останатото сакаат да се чувствуваат удобно. По некоја забава приказна или виц, секогаш придонесува за поопуштена атмосфера – John Fawkes, советник за кариера.

Учите за се што имате интерес

Читајте и информирајте се за се што ве интересира, без разлика дали тоа е нешто од вашето поле на наука или друго. Знаењето за било што е секогаш добредојдено- Sarah Jansen, писателка и уредник на списание.

Поставувајте вистински прашања

Може да учите и да ги развивате вашите вештини доколку ги поставувате вистинските прашања. Една од најважните работи е секогаш да прашате она што не го знаете –  Jan Theys, писател и правник.

Имајте храброст да бидете поинакви

Можеби ги немате вештините кои се наведени во огласот за работа, но доколку сте единствени и оригинални, сепак може да го најдете вистинскиот пат и да стасате до работата што ја сакате- Oprah Winfrey

Работата е маратон, не спринт

Долгорочниот успех и продуктивноста се маратон. Научете да го одвојувате важното од неважното, каде да забрзате, а каде да забавите. На тој начин ќе имате енергија да стасате се на време – Michael O. Church, програмер и писател.

Поделете ја заслугата

Дури и ако само вие сте заслужни за одредена работа, поделете го успехот, бидејќи на тој начин создавате посилни врски со тимот –  Jane Chin, доктор на науки, писател.

Не избегнувајте неформална дружба со колегите

Избегнувањето на пијалок по завршеното работно време со колегите нема да и наштети на вашата кариера, но блискоста и можноста за забава, како и подобро запознавање ќе ги испуштите – Jane Chin

Отворено зборувајте за вашите грешки

Луѓето повеќе ќе ве почитуваат и следат ако забележат дека сте подготвени на ризик и ако не се срамите од вашите грешки. – Mira Zaslove, бренд менаџер на Partner Services Cisco

Не бегајте од работа

Унапредувањето не се заслужува само поради добро завршената работа, туку и поради нови и оригинални идеи и проекти кои не биле во опис за работната позиција- –Victor Wong, CEO во PaperG

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар