Рецепт за успех кај младите

0

Времето е најголем тест за поврзаноста и блискоста

Блискоста и интимноста со луѓето кои ни се блиски се гради преку два фактора: време и посветеност. Колку на некого му посветуваме време, тоа нам ни е показател колку таа личност ни значи. И дури откако ќе му посветиме време на некого, ние се поврзуваме со таа личност. Затоа неможе да зборуваме за блискост помеѓу двајца кои се познаваат неколку месеци (освен ако не е тоа заљубеност). И повторно, времето ќе ни биде показател дали сме биле навистина поврзани и посветени на личноста или релацијата.

Времето е како некој тест преку кој проверуваме дали повторно ќе се поврземе со истите луѓе. На пример, другари од детството кои не се виделе со години кога ќе се сретнат, може да се поврзат веднаш и тоа со еден “клик” повикувајќи се на блискоста која што ја имале во минатото. Но, поврзувањето е динамична категорија, едни луѓе од нашиот живот си одат а други доаѓаат.

Поврзувањето е како двонасочна улица, да се поврзеш со некој ти треба признание или желба од другата страна и треба навремена реакција од тебе. На пример, ако со некој пријател не сте се виделе долго време неопходно е да го ревитализирате контактот со него, и тоа редовно, во одредени временски рамки или таа личност едноставно ќе исчезне од вашиот живот.

Освен времето како значаен фактор за блискоста е и навременост во реакцијата. Ако не се јавите на некој долго време, можно е да паднете на тестот на блискост поради тоа што поврзувањето зависи од многу фактори, но најмногу од кој животен циклус сте вие и/или вашиот пријател. На пример можеби вие имате 2 возрасни деца и семеен живот со деца кои само што не заминале на студирање, додека вашиот пријател е во семеен циклус на млад брачен пар со новороденче. Е тоа само по себе прави разлика и не дозволува да се поврзете и воспоставите блискост сега и овде.

Оттука за одржување на пријателствата или љубовта треба да се воспостави блискост, а тоа се прави со посветување време на релацијата и преку поминување на тестовите кое времето ни ги носи. Само така ќе можете да изградите здрава и балансирана релација, која ќе може да се одржи независно низ каков животен циклус поминувате вие или вашиот пријател/партнер.

Оттука прашањето е, колку Ти си спремен да одвоиш време и посветиш внимание на пријателите кои се околу тебе и нешто ти значат. Погледи убаво, можеби така ќе направиш селекција кој колку навистина ти е важен и значаен во твојот живот и така ќе го насочиш своето време на право место и со прави луѓе.

Автор: Билјана Пешева
Професионлен обучувач на возрасни и јога инструктор
www.healthylifeskills.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.