Рецепт: Паста од туна, пченка, црвен грав

0

Денес одбравме лесен рецепт со паста, туна, пченка и грав.

Состојки

300гр спирална тестенина

100гр црвен грав( од лименка)

70гр конзервирана пченка

1 главица црвен кромид

1 лута пиперка

1 црвен домат сок од лимон,

сол,

бибер 185 гр туна во цело парче од конзерва

Подготовка:

Ја ставаме тестенината во малку посолена вода да се вари според упатството на кесата.

Во еден сад ги соединуваме туната, заедно со маслотото кое го содржи, ги додаваме пченката, црвениот грав, сецканата пиперка, сецканиот домат, на ленти сецканиот црвен кромид. Додаваме сок од лимон , бибер. Ја процедуваме тестенината и ја спојуваме со приготвениот прелив. Лесно промешуваме па сервираме.

Прочитај повеќе ТУКА.

 

Остави коментар