Рецепт на денот: Јагнешко со прилог од компири и шампињони

0

Велигденските денови се зад нас, но тоа не значи дека не можеме да уживаме во убаво подготвено јагнешко месо.

Подготовка:

Чекор 1: Одберете јагнешко месо од плешка и бут. Засечете го на повеќе места во длабочина во вид на мали џебови и во секоја вдлабнатина ставете чешне лук и парче морков. Премачкајте го месото со поголема количина сенф, наросете црн бибер и мешан сув зачин.

Чекор 2: Ставете го месото во Овалната Ростер тава и попрскајте го со масло. Ставете го и останатиот морков исечен на покрупни парчиња, посолете и додајте ги водата и виното.

Покријте со капакот и печете во загреана рерна на 200 степени, 45 минути. Потоа превртете го месото, па печете уште 15 минути без капак.

Чекор 3: Во меѓувреме подгответе го прилогот. Сварените компири излупете ги и исечете ги на мали парчиња. Печурките исечкајте ги и ставете ги да се пржат со малку масло.

Откако ќе испари водата која ја пуштаат печурките ставете ги компирите и кромидот. Потпржете ги заедно на тивок оган.

Чекор 4: Потоа тргнете ги од оган, додајте го магдоносот, зачинете со црн бибер и мешан сув зачин. Додајте ја неутралната павлака и путерот и промешајте додека се растопи путерот. Може да додадете повеќе павлака, ако сакате потечна текстура.

Чекор 5: Во чинија сервирајте од месото и од прилогот, и декорирајте!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот