Рецепт – Крцкав компир

0

Лесен и едноставен рецепт за сите оние кои сакаат да подготват нешто различно, а вкусно.

  • Потребни состојки:
    3 големи жолти компири
  • 2-3 големи лажици маслиново масло
  • сол, бибер, вегета
  • 2 големи лажици растително масло
  • 150 гр. месо по желба
  • 1 помала глава кромид
  • 1 парче лук
  • 3 мали пиперки (зелена, црвена, жолта…) или 1 голема

Подготовка

1. Измијте го компирот, а потоа исечете го на поголеми парчиња во иста големина. Парчињата компир ставете ги во сад, а потоа посипете ги со маслиново масло, додадете сол, црн пипер и магдонос. Сето тоа измешајте го убаво, со рака.

Дел по дел наредете ги во тава обложена со пек-хартија и ставете ги во загреана рерна на 220 C. По 20 минути печење, извадете ги од рерната и парчињата свртете ги на другата страна и печете дополнителни 15 минути за да бидат крцкави.

2. Додека компирот се готви, подгответе го месото со зеленчук.
Во тава на масло додадете го прженото месо и гответе околу 5 минути на средна топлина додека не се промени бојата. Извадете го и во течноста од месото во тавата додадете исецкан лук и кромид. По неколку минути додадете исецкани пиперки. Гответе дополнителни 5 минути, а потоа повторно додадете го месото, зачините и останатите состојки. Со повремено мешање, гответе уште 5-6 минути.

3. Послужете ги овие крцкави компири на послужавник со сос од месо и зеленчук и уживајте во овој лесен и едноставен оброк.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.