Реал Мадрид и Волфсбург први патници во четвртфиналето на ЛШ

0

Фудбалерите на Рел Мадрид и Волфсбург, синоќа го потврдија своето учество во четвртфиналето од лигата на шапионите.
Реал го повтори истиот резултат од Рим, совладувајќи ја Рома овој пат на домашен терен со 2-0, додека Волфсбург со минимални 1-0 само го потврди своето учество во следната фаза откако во првиот натпревар славеше се 3-2.

Во Мадрид, Рома беше таа која имаше повеќе шанси. Првата сто-процентна шанса ја имаа фудбалерите на Рома. Салах лесно претрча двајца свои чувари по десната страна, подаде до Ел Шарави, кој ја пропушти топката меѓу нозе за Џеко, но само за да бие поред голот и покрај тоа што се најде очи во очи со Навас. До крајот на полувремето Роналдо и Салах беа лидери во своите екипи. Роналдо имаше неколку шутеви на голот на Рома безуспешни, исто како и Салах.

реал 2

На почетокот на второто полувреме имаше повеќе шанси на двете страни. Првин Шчесни одбрани тешка топка после една гужва пред голот, за потоа на спротивната страна Салах да се најде еден на еден со Навас и да промаши. Рома имаше уште неколку одлични шанси кои не ги искористи, за во 64 минута да стигне казната на другата страна. Роналдо на асистенција на Васкез му носи на Реал 1-0, а само 4 минути подоцна, Роналдо овој пат во улога на асистент до Хамес Родригез кој зголемува на 2-0.

реал 3

Најемотивен момент на целиот натпревар беше кога во 74 минути Франческо Тоти влезе во игра за последен пат на еден натпревар од лигата на шампионите. Целиот стадион стана и му ракоплескаше на овој великан и легенда на фудбалската игра.

Во Волфсбург ме беше толку интересно. После неколку шута на гол од двете страни, на почетокот на мечот, темпото опадна и на полувреме се отиде со непопуларните 0-0. Второто полувреме почна како што и заврши првото-без многу возбуда, се до 74-та минута кога Андре Ширле ги реши сите дилеми од двомечот.
После постигнатиот гол, натпреварот се умртви и сите едвај чека судијата да свирне крај.

волфсбург

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот