Разум и чувства: Кога треба да го послушаме срцето, а кога разумот

0

Истражувањата покажуваат дека кога сме среќни, тогаш сме подготвени да донесеме повеќе ризични одлуки…

Истражувањата покажуваат дека ние самите не сме добри “статистичари“ кога се во прашање нашите сопствени искуства. Помниме селективно, и тоа се најчесто ситуации кои нам ни се пријатни.

За најголем дел од луѓето, дури и најтрауматичните сеќавања избледуваат со тек на времето. Како резултат на тоа, ние како да сме “програмирани“ да го следиме своето срце, затоа што сме одбрале да го помниме она што срцето одбрало.

Од друга страна, потешко запомнуваме ситуации во кои сме дозволиле логиката да одлучи за нас. На пример, ретко се сеќаваме на нешто што не сме го сториле. Ретко би се сетиле на ситуација кога сме сакале да купиме нешто, но сме одбрале да не го сториме тоа.

Земајќи ги сите фактори во предвид, науката се обидела да одговори на вечната дилема – дали е подобро да се следат чувствата или мислите?

На Универзитет во Источна Кина овој проблем бил испитуван преку иновативен експеримент. Студентите добиле задача да одлучат да ризикуваат или не, во одреден временски период. Целта била да се открие под кои околности студентите ќе се одлучат ЗА ризични чекори.

Резултатите довеле до заклучок дека испитаниците побрзо би се одлучиле да ризикуваат само кога се добро расположени и се чувствуваат среќно, наспроти внимателноста кон одлуки во моментите на тага. Но, кога имаат повеќе време за размислување, тогаш не се јавила разлика при донесување на одлуки врз база на емоциите.

Даниел Канеман, економиста кој е награден со Нобелова награда, го поставил истото прашање. Тој смета дека ако ризичната ситуација може да донесе нешто добро, приликата ќе се пропушти ако се чувствуваме лошо расположени.

Заклучокот е дека не е добро да се слуша срцето доколку се наоѓате под временски притисок. Кога би имале време да ги проучите сите фактори, рационални и ирационални, тогаш е најдобро време да се донесе било каква одлука.

Вие, како одлучувате?

Извор: http://www.bizlife.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.