Разликата помеѓу машката и женската облека – која е поудобна?

0

Облеката во последните години се повеќе се унифицира, стилот на жените и мажите многу често може да се поклопи со одредени разлики. Но, правилото дека машката облека е поудобна од секогаш важело и постоело.

Да го земеме за пример деловниот стил на мажите и деловниот стил на жените. Кај првите тоа подразбира удобни костуми и рамни чевли. Кај жените, тоа подразбира стилизирана облека која најчесто е потесна и ја следи линијата на телото и секако високи потпетици колку и да се удобни, после 8 до 10 часа поминати на нив, ногата може да отече и да боли.

Уште една позитивна работа во облеката за мажи е фактот што изборот е многу помал и нема многу лутање во стилот. Бизнис облека подразбира костуми, лежерна варијанта подразбира фармерки, панталони кои се многу удобни, блуза, џемпер и слично, а спортската облека подразбира тренерки, памучни маици и блузи.

Овие разлики не се одлика само на модерното време, тие биле уште подлабоки во минатото кога облеката за жени вклучувала корсети и слоевито облекување. Панталоните биле само за мажи, а фустаните за жени. Овој начин на облекување бил дефиниран се додека не настапила ерата на Холивуд кога актерките почнале да носат панталони и на тој начин да внесат нов начин на облекување.

На оваа тема, една писателка од Британија, Луси Рикрофт – Смит решила сама да го истражи ова и да дознае како е навистина да се носи машка облека. Предизвикот траел 30 дена.

Што може да се случи ако носам вратоврска на еден ден?

Сфатила дека изборот е сведен на неколку костуми, кошули, две-три вратоврски, три нијанси на чорапи и каиш. Толку!

Во однос на женскиот избор, машкиот избор на облека речиси и да не постои.

Таа открила дека многу побрзо се подготвува за на работа, чевлите се многу поудобни.

„Никогаш не сум носела поудобна облека од оваа. Темпертурата на телото е идеална, ниту претополо, ниту студено, нема лепење на облеката за телото, едноставно и лесно“ – вели таа.

Луси вели, дека посебно во овој период од годината кога машката облека вклучува широки панталони, топли јакни, удобни џемпери е посебна предност.

Заклучокот е јасен – машката облека, посебно онаа деловната е многу поудобна од женската – факт од кој не  сме изненадени, нели?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот