Разиграјте ги пролетните комбинации со сребрени нијанси

0

Дизајнерите покажаа што треба да се носи оваа пролет, како да се комбинираат боите, посебно пастелните. Освен тоа, модните блогерки докажуваат цело време дека сребрената боја совршено одговара со пролетните цветови, чантите со свежи бои и шарените чевли.

Сребрената боја доаѓа во вистинско време, да се разигра клише пролетниот изглед со цветови. Оваа комбинација беше забележана на сите големи модни настани, а ја има и во колекциите на Iris Van Harpen, Paul & Joe, Louis Vuitton, Chanel, Saint Laurent.

betsy-johnson-celebrity-chanel-clothes-Favim.com-2437947

Но, доколку не сте љубители на модните експерименти, држете со добро познатато – правило помалку е повеќе.

Одберете едно парче облека, кое би го искомбинирале како што вие сакате. Ако пак мислите дека не можете да ја носите сребрената боја во текот на денот, тогаш оставете ја за вечерните излегувања.

Металик чевлите секогаш имаат впечатлив ефект кој ќе ја разигра и најлежерната комбинација. За љубителите на црните комбинации, накитот во сребрена боја е совршен додаток.

Дајте и нов изглед на оваа пролет со сребрените нијанси.

silvermotorcyclejacket natalia_vodianova_en_louis_vuitton_8975.jpeg_north_499x_white 8be78421eea2cec2bcb0d3380f4bd89a b46f2e04d9c75a61e29739a7523b0dd3

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот