Летото очекува гламур, сјај, прозрачност, впечатливост и божественост. Вие можете да го добиете овој ефект благодарение на Bronze Goddess Fragrance and Makeup колекцијата на Estee Lauder. Луксузна и сензационална селекција на блескави, осветлувачки и бронзени производи за фантастичен летен ефект.
Заведете со сетилата и зрачете со сензуална топлина. Разбудете ја божицата во себе и дадете му блескав сјај на вашето тело!
Сензуален и мистериозен, заводливиот мирис Bronze Goddess Eau de Parfum ќе го означи летото.
Негувајте го вашиот исончан тен, изгледајте заводливо и сензуално во секој момент. Чувствувајте се моќно во сопствената кожа и препуштете се на бронзениот тен и префинетиот мирис кој ќе ве понесе во една нова димензија.
Природна и луксузна колекција која ја дефинира секоја жена и ја истакнува нејзината мека и софистицирана страна.