Растението кое вреди како суво злато – РЕН

0

Во последно време постојано читаме за силните нутритивни дејства на конкретен зеленчук, како на пример брокулата која последниве години е актуелна кај нас, посебно отако почна и да се одгледува.

Но, забораваме дека постојат и други видови кои ни се на дофат, секогаш ни биле, можеме да ги купиме кога и да посакаме – станува збор за ренот кој има многу позитивни својства во себе.

Има една поговорка која вели: „Ротквицата вреди како олово, репката како сребро, а ренот како злато.“

Токму затоа денеска ќе ви презентираме што се содржи овој зеленчук.

Ренот е повеќегодишно зеленолисно растение со бел корен и лут вкус. Потекнува од Медитеранот и од западна Азија. Во исхраната најчесто се употребува вкусот на коренот, но искусните готвачи знаат да ги искористат и листовите од младото растение кои имаат исклучителен вкус.

Заради својот состав, во кој има витамин Ц, калиум, витамини Б1,Б2 и Б6, железо, калциум, магнезиум и фосфор, ренот, освен што е одличен гурмански додаток, се употребува и како лековито растение. Неговата лековитост ја познавале дури старите Грци 1500 години пред нашата ера, користејќи го за ублажување на болките во грбот.

Неизоставен додаток е во разни видови храна, посебно во комбинација со мрсната храна бидејќи помага се разреди нејзиното дејство, а со тоа го чисти организмот, го забразвуа метаболизмот, го отстранува заморот, а најмногу се препорачува на дијабетичари. Помага во постигнување рамнотежа и развиток на корисните бактерии во цревата.

Сокот од рен ги уништува бактериите на дезинтерија, салмонела, туберколоза, како и многу габи кои паразитираат во човекот и останатите растенија.

Ја подобрува функцијата на организмот, го стимулира лачењето на желудочна киселина и цревни сокови. Исто така, помага во балансирање на работата на црниот дроб, срцето и циркулацијата, а е одличен диуретик и помага при ревматизам.

Свежиот корен од рен може да се користи во текот на целата година, ако повремено се закопува во влажен песок или се чува во подрум. Ако имате поглем корен, можете да го изрендате, да го ставите во алуминиумска фолија и го чувате во фрижидер во кутија.

Многу позитивни својства има ренот, така што ако досега не сте пробале да го користите во исхраната, време е да го сторите тоа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот