Распоредот е најважен

0

Краен рок, вие сте во паника и не знаете како да ги завршите поставните задачи. Многу веројатно дека нема да наравите ништо во тие последни неколку часа. Но тоа што можете е да се организирате следниот пат подобро. Како возрасна личност досега треба да си ги знаете можностите и врз база на тоа да прифаќате задачи и да правите планови.

Никогаш не земајте повеќе отколку што можете да сработите. Тоа е исто како да земете поголем залак и да не можете да го голтнете. Пробајте да го анализирате времето.  Најмногу време се троши на неважни работи, дури 80 % , само 20% посветуваме на вистински важните работи.

Распоредот на задачите е многу важен. Поставете приоритети и движете по нив.Не губете време на неважни меилови и социјални мрежи.

Ако минатиот пат исто така не сте успеале да стигнете, тогаш овојпат тргнете ги пречките. Се што може да ви го одвлекува вниманието, како луѓе, настани и слично ставете ги настрана и фокусирајте се. Учете од грешките за да не ги повторите.

И на крај,заборавете на перфекциноизмот. Тоа не постои оти секој го дефинира различно.

Распоредот е најважен од се. Ако него го доведее во ред, тогаш нема да имате проблеми во извршување на која било поставена задача.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот