Раскинување на врските кои нè ограничуваат

0

Филис Кристал  е психотерапевт од  школата на Јунг и Ериксон, автор на голем број книги  и  креатор на психолошките техники за ослободување на лажните  врски, идентитети и негативните програмирања кои луѓето ги градат во текот на својот живот.
Таа е родена е во  Лондон во 1914 година, но најголем дел од својот живот го поминала во Лос Анџелес, Америка. На возраст од 91 години во 2004 година поради  својата работа се сели во Минхен, Германија а покасно на возраст од 95 години (2008) се преселува во Цирих, Швајцарија.

Умира  на возраст од 102 години во Декември, 2016 година во своето родно место  воАнглија.
Нејзината приказна започнува некаде во доцните педесети години од минатиот век кога заедно со нејзината пријателка Вирџинија  започнуваат да експериментираат со медитации и кретивни визуелизации со цел да се поврзат со изворот на внатрешната мудрост, кого на  крај го нарекуваат Повисоката Свест (Higher Conciseness или Hi C).
Како резултат на оваа техника тие развиваат метод во кој на индивиуалците им даваат алатка како  да добијат помош и водство од својата повисоката свест, наспроти тогашните техники кои нуделе  надворешни извори на сигурност, кои не се трајни.
Подоцна на возраст од 58 години тргнува на патување во Индија (1973 г)  каде го среќава  духовниот учител  и мудрец  Шри Сатја Саи Баба.

Од тогаш започнува нејзината трансформација и пишување на книги. Своите книги таа ги базирала на  психолошките теории на Јунг и Ериксон и нејзините духовни искуства во Индија. Во научниот дел таа поаѓа од теоријата на Карл Густав Јунг кој го дефинирал колективното несвесно, архетиповите и поимот симбол кој се користи на специфичен начин. Таа исто така ги користи и наодите на Милтон Ериксон, кои довеле до нови сознанија од хипнозата и работата со несвесното, опишувајќи го несвесното како дел во нас кој секогаш слуша и прима сугестии,  и има  своја улога како голем позитивен креативен потенцијал и способност за решавање на проблеми во ситуации, кога свесниот дел на мозокот (умот) е збунет или зафатен со други активности и содржини.  Духовниот дел во книгите настанал како резултат на нејзините длабоки духовни искуства, кои таа ги имала на средбите и разговорите со  Саи Баба. Таа тука ја нашла својата инспирација за пишување на книги и развивање на методот.


Филис-Кристал методата, раскинување на врските се состои од низа на алатки кои  ни помагаат да ја воспоставиме сопствена рамнотежа, движејќи се на патот кон зрелоста и самореализацијата. Оваа метода се заснова на користење на симболите како оружје со чија помош остваруваме контакт со несвесносто преку визуелизација и медитација.
Основните симболи кои ги користи Филис Кристал методата се осмицата, тоа е симбол со кој го штитиме својот психички простор и просторот на другите луѓе.  Во основата на осмицата се две едноставни мандали. Мандалата е круг во чие средиште се наоѓа точка. Таа точка е всушност нашето седиште, место на кое директно сме поврзани со себеси т.е со нашата свесност.  Кругот е нашата граница во однос со надворешниот свет.  Друг важен симбол кој го користи е Мајското дрво. Тоа ни помага внатрешно да се поврземе со сопствениот извор на сила, мудрост и енергија, кој таа го нарекува Високото Ц(High consensuses).
Постојат уште низа многу едноставни симболи кои Филис Кристал ги смислила како полесно би се стапило во контакт со несвесносто, а како најважен дел од нејзината работа секако е  ослободувањето од старите врски и модели на однесување, кои ги имаме добиено од своите родители, браќа, сестри и/или други значајни личности во нашиот живот.

Овие техники се состојат од низа едноставни вежби преку кои се одврзуваме од луѓето кои ни го контролираат било кој аспект од нашиот живот, како и од некои стари навики, образци на однесување, чувства и мислења кои не врзуваат за минатото и не спречуваат да ја употребиме целата наша сила за да создадеме убава и добра иднина за нас и да бидеме тоа што навистина сме. За да ги користиме и научиме овие техники не ни е потребно претходно знаења. Потребна е само желба за промена. Оние кои сакаат да ги развијат сопствените вештини за раскинување на врските по методот на Филис Кристал имаат прилика овој 18 Февруари да учествуваат на работилницата “Раскинување на врските кои не ограничуваат” која ќе ја води Билјана Пешева– професионален обучувач за возрасни и јога инструкторво  новоотворениот простор “Art of Living Bio Shop, Ayurveda, Yoga & Meditation Centar”.

Како што вели самата Филис Кристал во едно од своите книги,  оваа метода и помага на личноста да стане целосно независна и самореализирана како човечко битие кое се потпира на сопствениот внатрешен извор на сигурност и мудрост кој е  достапен за секого.  Оваа метода таа ја опишува како константно патување и исктажување на внатрешните содржини, и истата не е наменета само за психотерапевти, туку и за било кој човек кој сака да внесе промена  во својот живот.
Освен во Путапарти, Индија  каде што можеше да се види често,  Филис Кристал на возраст од 89 години има дојдено во Македонија во Април, 2001 година како гостин на Г-ѓа. Ели Диновска кога одржа голем семинар за одврзување на врските во хотел Средно Водно кој беше посетен од повеќе од 200 луѓе.

Напиша: Анета Тренкоска дипл.психолог

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.