Раширете ги своите крилја… и полетајте

0

Крилја.

Сите ги имаме.

Не во буквална смисла, нормално, но фигуративно, сите ги имаме.
Сите оние нешта кои не подигнуваат од земја и ни отежнуваат да го задржиме фокусот.

Те обвинуваат дека со главата си во облаци? Одлично.
Toa e она што те турка нанапред. Што те држи буден.
Ти шепоти „Во животот има многу повеќе од ова.“

Понекогаш нашите крилја се запоставени. Сме ги заборавиле и полни се прашина.
Понекогаш, луѓето или искуствата не допираат на грбот потсетувајќи не каде некогаш биле нашите крилја.
Душо, тие се уште се тука, твоите крилја.

Можеби се промениле, можеби пораснале, исто како ние. Но, тие постојат.
Можеби пратејќи ги тоа болело, но тие можат да бидат излечени.

Во себе имаш повеќе исцелувачка моќ, отколку што свесно знаеш.
Толку многу работи не инспирираат да ги ослободиме нашите крилја… Дневно сонување, страстите, конекцијата. Зошто да се кочиме?

Оние фигуративни испакнатини на грбот кои пулсираат заедно со тебе и го чувствуваат твоето вдишуваше и издишување, тие уживаат во твоето срцебиење.

Ако не си свесен за постоењето на твоите крилја во овој момент,
ти го нудам следново… диши длабоко.

Диши длабоко онаму каде што најмногу боли.
Диши длабоко за предавствата, простувањето, недостатоците.
Полека и сигурно пренеси ја светлината на твојот здив и дај им живот на оние скриени делови во тебе, места од кои попрво би избегал.

А кога ќе се чувствуваш подготвен, заблагодари се за се што имаш.
За сите простори, луѓе и места кои ти помогнале да ја откриеш повторно својата способност да се издигнеш… И да полеташ.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.