Рамстор Мол го посветува 10тиот роденден на своите купувачи

0

Тековната 2015та година е дефинитивно година на Рамстор Мол. Концерти, донации, работилници, свадби, модни ревии и многу проекти се случија во Рамстор Мол, кои ги поместија критериумите и стандардите на работење на трговските центри во Македонија. Не случајно токму оваа година трговскиот воведе низа на новини, инвестиции и проекти. Имено, токму 2015та е јубилејна година за трговскиот и ја означува 10 годишнината од влезот на Рамстор во Македонија. Јубилејот Рамстор ќе го одбележи преку 3 проекти: првиот е комплетирањето на реновирањето на Рамстор – инвестиција вредна 2,5 милиони евра, вториот е ребрендирањето на Рамстор односно менување на визуелниот изглед на логото кој го симболизира новиот модерен и персонализиран концепт на Рамстор и третиот, централен проект е наградната игра ,,Од срце Ауди Q3 – Ваш Рамстор Мол,,.

Преку оваа двомесечна, досега најголема и најдостапна наградна игра ќе се доделат 100 вредни награди една највредна Audi Q3. Наградната игра ќе трае до 15ти Декември, а главното извлекување е на 18.12. Учеството е лесно и достапно за секого: потенцијален добитник на Audi Q3 или една од 100те вредни награди се станува со сметка над 1000 денари во било која од продавниците во Рамстор Мол.

Покрај наградите, Рамстор најавува роденденски проекти кои ќе траат до Нова година: саем на слатки, концерти со познати имиња од Македонија и странство, готвење во живо и уште многу проекти со кои трговскиот уште еднаш докажува дека е многу повеќе од само трговски центар, туку тој е центар на пазарувања, вкусови и забава.