Ракомет и пиво, може ли да посакате нешто повеќе?

0

Светското првенство во ракомет полека си тече, нашите ракометари нижат победи и порази, а вие не можете да се тргнете од пред телевизорот. Снегот од неколку сантиметри, студеното време и добрата спортска понуда направија да ја најдете најдобрата зимска занимација – барем во овие две недели.

Адреналинот расте. Пред секој натпревар ги земате сите навивачки реквизити, го облекувате среќниот дрес кој не смее да се испере додека трае првенството за да не се уништи добрата среќа на нашиот тим, се собира целото друштво, секој си седнува на своето среќно место и се навива на цел глас. И за сега сме задоволни – два пати победивме, за жал, еднаш изгубивме.

Но, секогаш се навива на цел глас без трошка грижа на совест да не замерат соседите, да не се налутат за викањето и чудните звуци што се слушаат преку ѕидовите, зашто звуците на извици што доаѓаат откај нив не се ништо потивки. А гласот… е него го снемува по секој меч – се извикува од среќа кога се победува, се вика од нервоза кога се губи.

Уште една работа научив за ракометот во овие неколку дена – не оди без добро пиво. И без кикирики. Изборот на кикирики е секогаш тежок – кикириките да се во лушпа или лупени? Да бидат вакуумирани? Вакуумираните да се солени или без сол? Обични пакувани во ќесичка? Од кој производител? А можеби сепак да се решите за кикирики на „кило“ од најблиската семкара? Хммм… толку голем избор, толку малку натпревари!

Со пивото, за среќа, е лесно. Изборот се сведува на две – темно или светло белгиско Leffe. Bruin или Blond? Заради сите дилеми што ги имате со кикириките, најдобро е да се решите и за двете. Па да го менувате вкусот на еден ден – денес одлучете се за светло, утре за темно! Дури и ќе ви го достават до дома ако го нарачате од Skopje Beer Import. Ете, толку е едноставно.

Дали сте подготвени за денешната програма? Нè очекуваат два возбудливи натпревари, ама и калкулации по нив каква е нашата шанса за одење понатаму. Барем денес нема да ги грицкаме ноктите на прстите, бидејќи нашите ракометари ќе играат утре. Против Шпанија. Подгответе се за добар ракомет, многу нервози, коментари и стресни моменти.

Ама, со добро пиво, сè ќе биде полесно. Што повеќе да посакате? А, да, вистинските кикирики, по ваш вкус!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот