Работи во домот што ве прават мрзливи

0

На сите понекогаш ни треба одмор и ден за себе.

Ама кога тие денови ќе почнат да се провлекуваат во текот на месецот, па и во неделата, време е да смените нешто во животот.

Знаете ли кои работи низ домот ве прават мрзливи?

Несредената работна маса

Ако постојано одложувате некои планови, можеби причината за тоа е несредената работна маса. Кога ќе ја погледнете целата натрупана, ја губите желбата за работа.

Сини ѕидови

Верувале или не, според ентериеристите, ѕидовите во спалната соба треба да ги бојосате во сина боја за да ве одмора пред спиење, ама од истата таа причина не смеете да ги бојосате сини ѕидовите во останатиот дел од домот – оваа боја ќе ве тера да спиете.

Температурата во домот

Ако зимно време температурата во собата каде што престојувате е повисока од просечните 22-25 степени, лесно ќе почне да ви се приспива и да не ви се прави ништо.

Мобилен телефон

Многу често добивате пораки или нотификации на телефонот ноќе. Ако се будите неколку пати да ги прочитате, следното утро сте ненаспани, а во текот на денот без енергија и мрзеливи.

Мирисните свеќи од лаванда

Лавандата го опушта телото, па ако запалите миризлива свеќа од лаванда во просторијата каде што престојувате, многу брзо може да ви се приспие.

Затоа, избегнувајте ги сите овие работи и многу важно – мобилниот ставајте го на опција бесшумно. Така, барем ќе се наспиете убаво.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот