Работи што секој татко мора да ги знае ако има ќерка

0

Исповед на еден татко за неговиот живот со три ќерки. Искуството сака да го сподели понатаму, на сите татковци кои очекуваат/имаат повеќе девојчиња. Сфатете го како еден вид водич во процесот на татковство кој трае цел живот.

  • Сè што вашата најстара ќерка ви кажува е важно. Слушајте ја. Сè што втората ќерка ви кажува е многу важно. Истото важи и за третата ќерка. Иако звучи целосно нелогично. Одвојте време да ги слушате.
  • Сите мали девојчиња се убави и слатки. Не заборавајте да им го повторувате ова милијарда пати во денот.
  • Заборавете на подвикнувањето. Но, ако ви случи да го изгубите трпението и викнете, тогаш научете дека треба да се извините.
  • Ако побара нова играчка, дајте предлог старата играчка да ја подари на помалата сестра.
  • Секое девојченце е принцеза. Ви звучи како клише? Не е воопшто! Ќе видите. Ова значи дека треба да ја третирате како таква бидејќи на тој начин ќе научи како да биде грациозна, одговорна и посветена.
  • Ако најстарата ќерка ве побара на телефон сосема неочекувано, не претпоставувајте веднаш дека ве бара заради пари. Можеби само сака да разговара со вас.
  • Гушкањето е многу важно. Таа е малечка, а светот ја плаши. И да знаете дека секогаш ќе биде вашето малечко девојче дури кога ќе има 22 години. Покажувајте и нежност на ќерката без разлика на тоа колку сте зафатени.
  • Ако сака да помага околу средување на домот, дајте и шанса. Никогаш нема да најдете попосветен и поодговорен мал работник.

 

FatherDaughterMotherSon

  • Запаметете дека треба да правите заеднички работи на редовна база. Да не биде тоа само со нејзината мајка. Не е важно што правите заедно, дали собирате лисја во дворот, дали готвите заедно или само и ја чешлате косата после бањање.
  • Ќерката секогаш треба да ја чувствува заштита од нејзниот татко, без разлика дали е мала или пак има потреба за тоа една декада подоцна.
  • Не си ја средува собата? Не викајте. Почнете заедно да го правите тоа, но оставете ја неа да заврши поголем дел од работата.
  • Ако треба да одите на лекар, обајаснете и дека не треба да се плаши од докторот. Не заборавјате да и потенцирате дека и најдобрите докторки во светот некогаш биле мали девојчиња.
  • Секое девојче барем еднаш треба да добие шанса да замине на патување само со татко и. Тоа треба да биде место кое двајцата ќе го изберат.
  • Никогаш немојте да и кажете дека тоа што нејзината мајка и рекла е погрешно.
  • Сакате да гледате фудбал после напорен ден во дневната соба? Тогаш објаснете и дека гледањето тв е семејна работа и на тој начин ќе поминете повеќе време заедно, а ќе го изгледате и натпреварот
  • Сите ќерки имаат право и треба да смеат да плачат на вашето рамо. Дури ако тоа значи да ја извалкаат вашата најубава маица/кошула со шминка.
  • Вашата ќерка не е направена од стакло. Дозволете и да скока на трамболината колку сака. Дури ако го изгреба коленцето не е крај на светот.
  • За некои работи ќе треба внимателно и тактично објаснување. На пример, кога поминувате улица кажете и дека освен ако не ве држи за рака, никој нема да забележи дека е најубавото девојче.
  • Ако не ви се допаѓа облеката што ја избрала затоа што изгледа смешно, сепак дозволете и да ја носи. Нејзин избор е. Но ако станува збор за нешто покомплексно, како на пример купување велосипед, во тој случај мора да интервенирате.
  • И на крајот, кој ви кажа дека букет цвеќиња е дозволено да давате само на вашата партнерка.

Сакајте ја вашата ќерка безрезервно секогаш и секаде, таа е дел од вашето срце и душа. И секогаш кажувајте и колку ја сакате без разлика дали е до вас или e на другата страна од светот.