Работи кои треба да ги правите за вашата сопруга/девојка секој ден

0

Не постои универзално правило кога се работи за машко-женските односи.
“Жените се луди, а мажите се глупави. А вистинската причина поради која се жените луди е бидејќи се мажите глупави“. Ова не мора да е секогаш точно, но во реалноста мажите прават многу грешки (што не значи дека жените не ги прават), па затоа направивме еден список на работи на кои мажите треба да внимаваат кога се во врска или во брак и како треба да се однесуваат кон својата сакана.

Велете ѝ дека ја сакате
Секогаш велете и на вашата сопруга дека ја сакате, повеќе од еднаш на ден, вклучувајќи пред да излезете и кога ќе се вратите. Но не претерувајте! Така овие зборови ќе го изгубат своето значење а по навика ќе почнете да им кажувате “те сакам“ и на соседите кон кои и не гаите баш љубовни чувства.

Покажете ѝ дека ја сакате
Ова е една од најважните работи кои треба да ги правите на дневна база. Многу е поважно љубовта да ја покажете отколку да и ги кажувате тие зборови по 200 пати на ден. Постојат различни начини, пробајте со мали знаци на внимание за почеток-купете цвеќе за неа иако не е осми март, направете и доручек или ако има желба купете и бурек, слушајте ја внимателно кога зборува па дури и кога зборува за новите чевли кои ги купила. И многу други мали знаци кои верувајте ќе и значат многу.

Ако е ваша девојка или сопруга, не значи дека е ваша лична помошничка
Ако сте машко не значи дека сте неспособен да си ја испеглате сами вашата кошула, да исчистите после јадење, да ги исперете садовите или да избришете прашина. Секое машко може да ги завршува овие работи и не треба да ја оптеретува својата понежна половина со тоа. Со тоа ќе “ќарите“ позитивни поени кај неа, а кај вашите пријатели негативни. И веднаш ќе ве испочитуваат со некој “мажествен“ надимак и ќе станете “домаќинката“ во вашето машко друштво, иако и вашите пријатели го прават истото за своите сопруги само очигледно го кријат тоа многу вешто.

men-flowers

Немојте да се жалите
И не е баш мажествено по цел ден да се жалите. Сигурно можете да се воздржите. Тешко дека сака вашата сопруга да слуша како не сте успеале за малку да добиете во обложувалница, и да правите трагедија во 3 чина од тоа. Жалењето е ширење песимизам, а песимизам на никого не му е потребен. Поштедете ја и неа и самиот себе од тоа.

Чистете ги редовно забите
Свежиот здив е една од клучните работи за добра врска, особено ако сте конзумирале лук или кромид пред тоа. Затоа четкичката за заби нека ви стане најверна пријателка.

Прегрнете ја
Наутро, попладне, навечер….што почесто-толку подобро. Никогаш не може да претерате со ова. И немојте тоа да го правите механички, туку прегрлете ја искрено и цврсто. Прегратката со вашата драга треба да биде поиксрена и да е почеста од онаа кога сте во прегратка со вашиот нов автомобил.

Не прашувајте што треба да се направи
Ако поставувате прашања од тој тип, само покажува дека не сте ја слушале додека говорела. Жените секогаш имаат начин да ви соопштат што треба да се направи, само треба да слушате внимателно и понекогаш-односно секогаш да “читате меѓу редови“. Да, знаеме дека е ова малку тешко бидејќи јазикот на кој говорат жените на мажите им звучи понекогаш како есперанто, но потрудете се да го дешифрирате. Можеби и не толку тешко како што ви изгледа, а вашата дама ќе биде задоволна од вас.

love

Опсипувајте ја со комплименти
Треба да знаете дека вашата сопруга или девојка е прекрасна секој период од секој ден, а не само кога сакате да излезете во кафеана со пријателите. Секој ден треба да и давате терапија од комплименти, почнувајќи од нејзиниот надворешен изглед, нејзините промени во расположение, нејзината добрина и нежност, па до тоа колку ги сакате нејзините недостатоци, нејзините родители, нејзината мачка, нејзината нова фризура, нејзините нови чевли, во основа нема граница тука. Можете да и давате комплименти за се што сакате само гледајте да е тоа што почесто.

Но за крај треба да знаете дека се што е наведено во овој список е неважно, доколку не ги користите двата волшебни збора: „Да драга“!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот