Работи кои треба да ги очекувате кога се коцкате во големите казина

0

Без разлика дали сте дојдени со намера да се коцкате или сте само на поминување, постојат неколку работи кои мора да ги знаете ако за прв пат влегувате во некое големо казино.

1.Не треба да плаќате за пијачките

Пијалоците се бесплатни додека играте во големите казина. Ова е само еден од начините да ве намамат во своите казина каде најчесто ќе ги потрошите своите пари. Па така откако ќе ви се зголеми нивото на алкохол во крвта помалку ќе бидете во состојба да се сконцентрирате на игрите и поголеми се шансите да ги изгубите парите. Но, барем ќе се забавувате.

2. Не можете да победувате цело време.

Често гледате на филмовите како играчите добиваат илјадници долари коцкајќи се, но во реалноста е многу тешко ова да се случи а уште помалку да се повтори повеќе пати. Ако имате почетничка среќа и успеете да добиете одредена сума на пари првата вечер, тоа не значи дека ќе добиете и наредниот ден. Затоа и се нарекува ‘коцкање’. Ништо не е сигурно и мора да бидете подготвени дека ќе ги изгубите вложените пари.

ImageGen

3. Понесете доволно готовина

Многу луѓе мислат дека не треба да носат готовина бидејќи има банкомати во самите казина, но реалноста е поинаква. Банкоматите во казината наплатуваат огромни провизии и имаат лимит на најниската сума која може да се извади, а во некои казина изнесува и до 200 долари.
Па ако сакате да се спасите од непотребни и дополнителни трошоци, најдобро е да имате доволна количина на готовина со себе. Исто така и полесно е да се игра кога парите ви се при рака, само треба да ги вложите.

4. Мора да имате некакво искуство и познавање за да можете да се коцкате.

За разлика од лото или бинго, за коцкање во казино неопходно е да имате бар мало познавање. Како инаку би можеле да играте покер ако не ја знаете вредноста на картите кои ги имате? Има многу игри кои можете да ги играте во казино како -покер, апарати, рулет, блек-џек и мнпогу други. Но, за да уживате во овие игри неопходно е да имате некакво предзнаење за овие игри. Добар начин за да се подготвите е да прочитате за овие игри на интернет. Но, дури и да знаете све што може да се знае не се надевајте премногу дека ќе добиете. Шансите за тоа се минимални освен ако не мамите, а тоа не носи до следната точка.
casino_cards

5. БроЕњето на карти не е нелегално но внимавајте, може да се најдете во сериозни проблеми поради тоа.

Иако технички броењето на карти не е забрането со закон, обезбедувањето во казината нема да го толерира тоа. Всушност некои од работите кои се прикажуваат во филмовите како на пример-киднапирање и измачување на тие што ќе бидат фатени, како и уште подрастични мерки за тие што ќе освојат на тој начин џек пот се уште постојат. А има и помалку насилни казина каде само ќе ве натераат да признаете дека сте броеле карти и ќе ве натераат да ја вратите добивката.
Интересен пристап имаат некои казина кои кога ќе откријат бројач на карти го напиваат доволно за да не може да се сконцентрира и да брои карти, па потоа ја губи целата добивка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.