Работи кои среќните парови никогаш не ги прават

0

Денес ретко се пронаоѓаат личности кои се потполно среќни во нивната љубовна врска…

„За танго се потребни двајца“
Понекогаш доаѓа до мала забуна кога само едниот во врската се обидува да го задоволи и да му угоди на другиот, но секогаш постојат моменти и ситуации кои треаба да ве потсетуваат дека тоа не е така.
Кога само едниот во врската е подготвен да придонесе и да даде, тогаш врската е осудена на пропаст.
Кога и двајцата партнери се се фокусираат на успех на врската, тогаш таа може да успее.

Постојат неколку работи што среќните двојки никогаш не ги прават, а не треба ни оние кои сакаат да имаат успешна врска…

 Не се критикуваат еден со друг
Доволно сте слушале критики упатени од родителите, професорите па и од шефовите и не ви е потребно уште една личност во животот тоа да го прави, особено не, ако таа личност е партнерот на вашиот живот.
Не се мисли на ситуација во која би му укажале на партнерот дека не е во право за нешто, туку се работи за оние мали критики кои и не се толку важни, но кои навистина може да го повредат вашиот партнер.
Кога сакате да му кажете на партнерот нешто такво, обидете се да не изгледате лути и бесни и најдете начин на кои тоа ќе му го соопштите. Не заборавајте, изговорениот збор не се вараќа назад.
zenski-magazin-sta-srecni-parovi-nikada-ne-rade(99)Не ги изоставаат интимните моменти за разговор
Интимноста е нешто што ги спојува партнерите и ја буди желбата за страст помеѓу нив. Затоа никогаш не треба да се остава настрана.
Можеби во повеќето моменти нема време за дискусија поради брзиот начин на живот, но секогаш е потребно да се издвои време за овие важни работи. Не е потребно да дојде „правото време“ за дискусија, едноставно вие создадете го ако навистина ви е важна врската.
Не доволувајте недостатокот на интимноста да ве одвои од партнерот. Разговарајте.

Еднаквоста е присутна, но не исфорсирана
Не зборуваме за еднаквост на половите, туку за еднаквост на животните ситуации.
Секако дека работите треба понекогаш да бидат поделени помеѓу партнерите, но тоа и не толку важно.
Не е потребно секогаш да мислите дека ако вие нешто направите, тогаш вашиот патртнер треба да направи друго нешто за да ви возврати дури и ако нема време, со текот на време ваквото однесување ќе предизвика појава на незадоволство и неразбирање помеѓу партнерите.
Имајте на ум дека заедничкиот живот не е натпревар помеѓу патнерите кој што ќе направи.
zenski-magazin-sta-srecni-parovi-nikada-ne-rade(4)

Не се игнорираат никогаш
Во врската потребно е да се навикнете на добивање подароци и покажување на „класична љубов“, апстрактини детали кои асоцираат на почит и чувства.
Никогаш не го игнорирајте моментот кога вашиот партнер сака да ве праша за мислење, сака да ви прочита нешто или пак да сподели со вас нешто што му се случило.

Почитта еден кон друг е она што ја одржува врската покрај љубовта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.