Работи кои секојдневно ги користиме, а потекнуваат од древен Египет

0

Старите Египќани имале големо влијание врз цивилизацијата каква што ја познаваме денес, а можеби не сме ни свесни колкаво е тоа влијание. Голем број на нивни достигнувања и пронаоѓања и денес се користат

Мастило
Мастилото го користиме секојдневно а не сме ни свесни од каде потекнува. Египќаните покрај црната развиле и други бои на мастило со кои внимателно пишувале на пергаментите. Нивната боја била толку добра што и денес имаме зачувани дела од тој период кои не се избледени.

egipet 2

Шминка
Денес шминката ја користат дамите, но во стра Египет неа ја користеле и мажите. Моливчето за очи кое дамите денес толку го користат е направено токму од нив, преку мешање на масти, минерали и чад. Шминката била и показател на друштвениот статус.

Мебел
Работи како што се маси, столици и кревети, откриени се во гробниците во стар Египет.

Пишување
Книгите и скриптите се свет дел од историјата на Египет, а Египќаните биле први кои воделе писмена евиденција за тоа што им се случувало во животот. Хиероглифите ги покажувале сликите од животот, преку цртежи и симболи.

egipet 3

Хартија
Египќаните хартијата ја правеле од трска која растела покрај реката Нил. Хартијата ја направиле за да имаат запишана историја, верски текстови и други важни документи.

Паста за заби
Тие биле многу посветени на одржувањето на личната хигиена, па така со мешавина од разни билки и етерични масла од цимет, темјан, и мед направиле нешто кое што служело како паста за заби во тоа време.

Календар
Египетскиот календар се состоел од 365 денови, 12 месеци и 30 денови по месец. А на крајот на годината додавале по 5 дена. Нивните календари исто така го покажувале и нивото на реката Нил, за да можат земјоделците да ги следат своите посеви.

egipet

Стакло
1500 години пред Христос, се створени првите стаклени разнобојни перли, од старите Египќани. Се разбира, тие правеле и чинии, садови, тегли и шишиња. Нивната способност во обликување на стакло била на високо ниво, а така биле оценувани и нивните дела.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот