Работи кои морате да ги знаете ако одлучите да се преселите во друга земја

0

Селидбата од една во друга земја, многу често од медиумите добива сентиментална конотација. Тоа е сценарио, кое е многу често, па така не ретко имаме прилика да прочитаме интересна статија за некоја личност и за нејзините авантури при преселбата во друга земја, или да погледнеме некој од многубројните филмови кои се снимени со таа тематика.
Некои се селат поради авантура, некои поради возбудата да живеат во друга земја, некои поради слободата да бидат во место на кое никој не ги познава, но едно им е заедничко на сите нив-сите се соочуваат со истите предизвици кога ќе одлучат да се преселат во друга земја. Ова се само дел од нив.

Потребно е многу планирање.
Можеби мислите дека е доволно само да резервирате карта во еден правец, но во пракса е потребно многу повеќе. Каде ќе живеете? Дали ќе ви биде потребна виза или некаква дозвола? Дали имате веќе најдено работа, или доволно финансии додека да најдете? Потребно е да бидете практични кога веќе ќе донесете дефинитивно одлука да се преселите..

Носталгијата е вистинска.
Колку и да сте независна личност, ќе се случи да ви фали некој од оброците кои ги готвела вашата мајка. Комуникацијата со вашите пријатели преку Скајп едноставно нема да биде доволна. Ќе ви биде потребна искрена прегратка од членови на семејството или блиските пријатели. Кога ќе се најдете во таква состојба, не се двоумете да го земете телофонот и да позборувате со личноста која ви недостига во тој момент.

selenje 2

Ќе ви биде потребна помош.
Немојте да бидете премногу горделиви за да побарате помош. Ниту еден човек не е остров. Ќе се изненадите колку странците знаат да бидат љубезни и желни да ви помогнат.

Животот ќе продолжи и без вас.
Ќе има голем број на забави, родендени, свадби, и други прослави кои ќе ги пропуштите. Можеби на почетокот ќе се чувствувате предадено, и како да ви забиле нож во грб блиските луѓе, бидејќи се забавуваат и прославуваат без вас. Но реалноста е дека немате никакво право да им се лутите. Едноставно животот продолжува понатаму, и секој си има различни приоритети во животот. И не можете секогаш да бидете присутен за сите, некогаш треба да си посветите внимание и на вас самите.

Носталгијата ќе помине.
Еден ден ќе се разбудите и нема да се чувствувате веќе толку емотивно. Едноставно ќе развиете рутина, ритам. Ќе ги научите улиците и нема веќе да ви изгледаат толку страни. Ќе запознаете нови луѓе кои ќе ве прифатат во нивните животи, и ќе оформите нови ‘сојузи’. Ако на почетокот ви изгледало како страно и страшно, одеднаш истите тие работи ќе направат да се чувствувате како да припаѓате таму.

Ќе почнете да личите на луѓето од тоа место.
Колку и да сте заљубени во местото на кое сте одлучиле да живеете, еден ден ќе морате да се соочите со реалноста. Ќе дојдат сметки за плаќање, обврски за исполнување. Животот нема да ви биде весел и интересен цело време. И без да приметите, ќе почнете да ги превземате навиките и да личите на вашите соседи.

Подгответе се животот да ви се промени.
Немојте да мислите дека селењето во друга земја на одредено време не е голема работа. Тие години се всушност вашиот живот и неможат да се надокнадат. Ќе созреете, ќе правите грешки, ќе откриете нови работи за себе кои не сте знаеле дека постојат, ќе се заљубувате и одљубувате и ќе сретнете луѓе кои можеби ќе ви станат најдобри пријатели. Ќе ви го преврти животот наопкау, ќе ве промени вас комплетно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот