Работат 14 часа дневно за 500 денари за вие да имате убав Божиќ

0

Вештачки елки, лампиони, сијалички, украси… сето ова е составен дел на Нова година и Божиќ. И иако во минатото се трошеа многу пари за да се купат празничните украси, денеска тие се продаваат по многу пристојни цени. Една од главните причини е таа што најголемиот дел од нив се произведуваат во Кина.

За создавањето на овие декорации работат илјадници луѓе, некои од нив дена кои имаат само 15 години. Работат по 14 часа дневно, а нивната дневница изнесува помалку од 500 денари.

За овие мали пари тие треба да ги направат нашите празници среќни и весели.

Во градот Јиву, наречен и „празничен град“, се произведуваат дури 60% од сите новогодишни украси во светот – од капи за Дедо Мраз до елки со оптички влакна.

2

Скоро цела година одвоени од семејството

Во Јиву има околу 600 фабрики, а повеќето работи произведени таму се наменети за извоз. Во фабриките се вработени сиромашни луѓе од руралните средини кои по 50 недели годишно живеат одвоени од семејството.

Работното време им започнува во 7, а им завршува во 21 часот. Но, не се сите незадоволни:

„Се доселив овде во потрага по подобар живот. Сега сум тука, ама нема цел живот да работам во оваа фабрика. Произведувам вештачки елки. Тоа е тешка работа ама од месец во месец ми оди многу полесно“, вели 18-годишната Јанг Гуи Хуа.

Оние што произведуваат повеќе и заработуваат повеќе.

Но многу повеќе заработуваат сопствениците на фабриките, а дел од нив станаа милионери. Еден од нив е Ренг Гуан.

3

Милионери наспроти сиромашни

Фабриката Синте Ан е отворена пред 10 години и тука работат околу 300 луѓе кои имаат задача да произведуваат новогодишни елки. Производството на секоја елка чини околу 900 денари, а половината од тоа оди на плата за вработените.

Работниците спијат во заеднички бараки и работат шест дена во неделата.

„Следната година ќе се преселиме во нова, поголема фабрика, каде што ќе има подобри услови за работа“, вели 42-годишниот Гуан.

Многу сопственици на овие фабрики пред 20 години скоро и да не знаеле што е Божиќ. Но, го препознале неговиот потенцијал и постојаната потреба на луѓето да купуваат празнични украси.

„За нас, Божиќ е бизнис“, порачуваат Кинезите.

Извор: 24sata.hr

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.