Пуштете го вашето дете да биде среќно-дозволете му ги овие нешта

0

Кога го воспитувате вашето дете нормално е дека треба да поставите одредени граници, но не значи дека треба се да му браните.
За едно дете е нормално се да го интересира и да сака да го истражи светот околу себе. На вашите деца никогаш немојте да им ги браните овие работи ако сакате да израснат во среќни и весели луѓе.

Јас ќе те нахранам
Доколку ја користите оваа реченица секогаш кога вашето дете ќе посегне по лажицата или вилушката, тогаш веднаш престанете. Морате да ги оставите сами да јадат бидејќи на тој начин ќе научат да се потпираат на самите себе и да бидат независни.

деца 2

Чистам, тргни се
Сигурно дека не е пријатно вашето дете да ви се мота околу нозе додека усисавата или чистите нешто, но треба да разберете дека децата ги интересира се и сакаат да се однесуваат како возрасни. Доколку сакате вашите деца уште од мали нозе да се научат на ред и на работа, не ги бркајте додека чистите туку дадете им крпа и кажете им да ви помогнат.

Дома не се скока
Доколку имате дете а очекувате вашиот дом да личи на музеј, тогаш веројатно е време добро да се замислите. Треба да разберете дека малите деца немаат чувство за одговорност и дека не се свесни за штетите кои можат да ги направат. Па така наместо да му браните, подобро придружете му се на вашето дете и заедно скокајте и играјте.

Немој да го допираш тоа, ќе се извалкаш
Ако ги однесете вашите деца во парк или на игралиште, нормално е дека ќе се извалкаат бидејќи ќе сакаат се да допрат. Доколку цело време го опоменувате за тоа, можете да направите од вашето дете да биде тврдоглаво кое ќе се качи на дрво моментот кога нема да гледат, или пак да направите од плашливо дете кое нема да смее да се мрдне додека не му дадете вие дозвола. Наместо да го критикувате придружете му се. И научете го дека отпадоците се фрлаат во канта за отпадоци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот