Публиката и незаборавната атмосфера на Грин Бич Фестивал ги восхити и врвните светски изведувачи

0

Со највозбудливата програма во која годинава се запишаа над 10 изведувачи и единствената атмосфера на подиумот на Грин Бич Фестивал, минатиот викенд заврши седмото издание на најголемиот фестивал на електронската музика кај нас. Иако поминаа неколку дена од завршувањето на настанот, сè уште не бледнеат впечатоците од ова исклучително дводневно доживување на плажата Парк во Охрид, во чии рамки фестивалот пречека повеќе од 12.000 посетители.

Зад нас останува едно од најсилните изданија на Грин Бич Фестивал кое ги претстави врвните уметници на електронската музика во чија листа со ексклузивни настапи се запишаа светските артисти на кои подеднакво им се восхитува комерцијалната и андерграунд сцената: AME, BLACK COFFEE, DUBFIRE и JAMES ZABIELA, како и дел од најистакнатите претставници на домашната сцена.

Кулминирачкиот момент очекувано беше атмосферата на затворањето на фестивалот која го понесе и хедлајнерот Dubfire, кој пак видно расположен го продолжи својот сет и ја забавуваше публиката речиси 4 часа, а по негово инсистирање и следниот ден го помина во Охрид.

Неверојатно позитивната атмосфера која секоја година го одбележува овој настан не се доловува со зборови и останува привилегија на посетителите, токму на оние кои ја креираат истата на грандиозниот подиум на Грин Бич Фестивал од кој и годинава заминуваме со незаборавни спомени и задолжени за уште поголемо и поенергично следно издание на фестивалот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.