Психолошки тест – Кој проблем би го решиле прв?

0

Замислете ја следнава ситуација: Во ист момент ви тече вода од чајникот, телефонот ѕвони, бебето почнува да плаче, а кучето го кине троседот со неверојатна брзина. Кој проблем би го решиле прв?

Размислете добро што ќе одговорите и кој е вашиот прв потег, бидејќи одговорот ги открива вашите животни избори и важните одлуки кои ги носите во вашиот живот.

Кој проблем го решивте прв?

Вода
Ако вашиот прв потег е да се фатите за чајникот, значи дека вие сте одговорна личност која дава се од себе, и повеќе од тоа. Правите се за да се заштитите себеси, но и сите околу вас. Педантни сте, детални и размислувате три пати пред да направите било каков потег.

Телефон
Ако вашиот прв потег беше да се јавите на телефон, вас ретко што може да ве „извади од кожа“ и не сакате да се грижите за ништо. Луѓето би ве опишале како бавна личност, а и не би погрешиле во нивниот опис. Ваш приоритет се опуштеноста и забавите, а обврските ви се во втор план.

Бебе
Ако прво тргнавте да го утешите бебето, вие сте одговорни и имате многу сериозен пристап кон вашите животни одлуки. Многу добро реагирате во ситуациите каде многумина не би се снашле од прва рака. На луѓето им годи вашето присуство бидејќи знаат дека секогаш ќе се грижите за нив.

Куче
Ако прво тргнавте кон кучето, вие сте спонтани и склони кон нервози. Многу лесно се нервирате. Дисциплината е ваш приоритет и се што не оди онака како што сте замислиле, ве доведува до лудило.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.