Психолошки трикови како полесно да влијаеме врз другите

0

Нашите животи и успех неретко зависат од одлуката на другите луѓе. Затоа е добро да се поседува онаа вештина со која ќе може да влијаеме врз другите да постапуваат онака како што ни одговара. Па да видиме неколку психолошки трикови кои би можеле да ни помогнат околу оваа вештина, а кои се научно докажани.

1. Побарајте услуга
Кога на некому ќе му направиме услуга нашиот мозок е насочен да за таа личност стекне позитивно мислење. Тоа не е само интуиција, туку е и научно докажано. Затоа ако сакате некој да го подобри мислењето за вас, побарајте од него услуга.

2. Побарајте нешто невозможно на прв поглед
Во преговарачките стратегии е позната ситуацијата кога прво бараме нешто што е невозможно, и знаеме дека ќе бидеме одбиени, па потоа бараме нешто помало. Личноста која не одбила, ќе и биде непријатно да не одбие и ќе прифати. На пример замислете ситуација во која од пријател сакате да го позајмите автомобилот за едно попладне. Прво побарајте да ви се позајми автомобилот за една недела, тој ќе биде затечен и ќе ви објасни дека никако не може тоа да го изведе. Потоа прашајте го дали ќе ви го позајми на еден ден, кога не може на една недела. Тогаш на пријателот ќе му биде непријатно и ќе се согласи. Така ви се остварила целта. Пробајте,успева сигурно.

posao-15
3. Ласкање
Ласкањето помага во секоја ситуација. Тоа веќе ни е познато. Ласкањето најдобро поминува кај личности кои имаат висока самодоверба и им треба фалење. Скромните пак нема да паднат на овој трик. Ласкањето треба сепак да биде искрено, бидејќи во спротивно дава контра ефект.

4. Имитација
Сите сакаме личности кои се слични на нас, по интереси, изглед и слично. На пример е докажано дека на интервју најдобро поминуваат оние кои се слични на испитувачот од фирмата. Со поддршка на некои ставови може да создадат позитивен став за вас.

5. Искористете кога некој е уморен
Кога сме уморни ни паѓа самоконтролата па лесно прифаќаме понуди. Замолете за нешто кога е некој уморен. На пример од своите колеги побарајте услуга на крајот на работното време кога концентрацијата е намалена.

6. Понуда која не може да се одбие
Овој трик е спротивен на вториот. Нудите нешто што нема шанси да го одбијат. Потоа сугерираме за тоа што навистина го сакаме, и личноста ќе го прифати второто. Прашајте на пример некој дали сака животни. Повеќето ќе ви потврдат. Потоа побарајте од таа личност да вдоми кратко некое куче (а вас тоа ви треба). Така луѓето ќе бидат ставени во ситуација да прифатат.

7. Немојте да претерувате
На никого не му е лесно остро да ви каже дека не сте во право. Секогаш е подобро да не опонирате, климајте со главата и трудете се да разберете што точно другиот мисли и зошто. Така личноста ќе има подобро мислење за вас.

8. Повторувајте ги туѓите реченици
Кога во текот на разговор ќе повторите некоја реченица или мислење на другиот, му давате до знаење дека сте добар слушател и заинтересирани сте за тоа што го зборува. Сите ги сакаме оние кои не слушаат, нели?

9. Обратете се на име
На секој му е пријатно кога ќе си го слушне името. Ако сакате некој да импресионирате обраќајте му се по име, избегнувајте заменки.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот