Психологот Лабковски предупредува на грешките со кои можете да го уништите животот на вашата ќерка

0

Односот помеѓу мајката и ќерката многу важен фактор во воспитувањето и развојот на секоја жена. Начинот на кој комуницира мајката со својата ќерка во раното детство како и во текот на понатамошниот развој, многу влијае врз нејзиното однесување во иднина. Воспитувањето како и улогата на родител иако за многумина е тешка тема, не смее да се игнорира.

Психологот Михаил Лабковски зборува за суштинските грешки кои ги прават поголемиот дел од мајките и бабите во воспитувањето на женското дете.

Прва и многу сериозна грешка што ја прават сите мајки и баби во воспитувањето на ќерките односно внуките што всушност претставува некој вид програмирање, или наметнување на обврски и вештини кое девојчето би морало да ги совлада. Изјавите : „Мораш да бидеш фина“, „Мораш да се прилагодуваш“, „ Мораш да научиш да готвиш“, „Мораш…“. Нема ништо лошо ниту погрешно доколку таа научи да готви, но со ваквиот пристап кај девојчето се јавува мислта дека вреди само доколку задоволува одредени критериуми. Затоа подобро е кажете: „Ајде заедно да зготвиме супа“ . Кога девојчето ќе види дека мајка и прави нешто со задоволство тогаш и таа ќе има желба да научи. И обратно, ако мајката ја мрзи да направи нешто, колку и да и повторува на својата ќерка дека таа треба да научи да го направи истото, таа, потсвесно ќе чувствува одбивност спрема истото. Како и да е девојчето порано или подоцна секако ќе го научи сето она што ќе и биде потребно, тогаш кога ќе и биде потребно.

Втората грешка во вопситувањето е тешкиот осудувачки став спрема машките и сексот. „Тие сакаат само едно“, „Внимавај да не те искористи и остави“, „Треба да бидеш недопирлива“. Така девојчето расте со чувство дека сите мажи се агресивни и насилни, а сексот го смета како одбивен и нешто што треба да го избегнува. Меѓутоа, како што расте телото и праќа сигнали, хормоните почнуваат да работат и таа внатрешна противречност помеѓу тоа што го чувствува и мајчинската забрана, за неа е многу трауматична.

Трета грешка во воспитувањето е парадоксална на претходниот начин на воспитување. Тоа е моментот кога во 20те години мајката и соопштува на ќерката дека формула за нејзината среќа е дека таа мора да омажи и да роди деца и дека пожелно е тоа да го стори до 25та година, инаку ќе биде доцна.

Размислите, прво во детството сте ја учеле што се мора да направи (за да се омажи и да роди деца), потоа неколку години подоцна сте и врежале идеја како сите машки се „кретени“ и дека сексот е нешто ниско и „валкано“, за потоа неколку години подоцна да и кажете дека е време да се омажи и да создаде семејство. Тоа е парадоксално, но мајките многу често ја прават оваа грешка, всадувајќи им ги на ќерките овие размислувања. Последица на ова е стравот на ќерката од било каков однос, а со самото тоа поголем е и ризикот од губење на односот со самата себе и со она што таа навистина го сака.

Четврта грешка е преголемата заштита. Многу е погрешно тоа што мајките денес се почесто ја врзуваат својата ќерка за себе и ја преоптеретуваат со многу забрани. „Не се дружи со него“, „Јавувај ми се на секој половина час“, „Каде се наоѓаш, зошто касниш 3 минути?“… На девојчето не му се дава никаква слобода, ниту пак право да донесе одлука бидејќи таа би можела да биде погрешна.

Но тоа е нормално! На возраст од 14-16 години кај нормалните тинејџери се случува процесот на сепарација, тие сакаат во се да одлучуваат сами и (освен прашањата за животот и здравјето) таа можност треба да им се дозволи. Бидејќи ако девојчето расте под постојана закрила на својата мајка таа ќе се смета себеси за суштество од втор ред, неспособна да одлучува за себе и дека сите останати треба да донесат одлука наместо неа.

Петта грешка е формирање на негативен лик од таткото. Без разлика колкаво е учеството на таткото во домот, недозволиво е од него да се прави лик на “чудовиште“. Детето не смее да помисли дека односот на таткото кон семејството е поради него или поради недоволна љубов на таткото кон него. Тој е сепак родител и детето треба да се остави само да процени каков карактер има, секако откако ќе порасне.

Физичкото насилство не е дозволено. Детето во никој случај не треба да сноси казни од тип на физичко насилство, бидејќи ќе порасне во лик со мала самодоверба што ќе има големо влијание во иднина врз бирањето на партнер за себе.  Девојче кое во детството е физички малтретирано, многу веројатно ќе одбере агресивен партнер во иднина.

Недостаток на пофалби. Вашето дете треба постајано да го фалите кога ќе направи нешто добро или ќе се однесува добро. Така ја зголемувате неговата самодоверба и правите да се чувствува сакано и корисно.

Расправање пред дете не е дозволено во никој случај. Детето не е должно да ги слуша вашите несогласувања. Избегнувајте кавги пред него, бидејќи верувале или не, децата се плашат од нервозни родители.

Пропуштање моменти. Никако не смеете да дозволите да пропуштите дел од нивното растење, особено пубертетот. Блискоста со ќерката мора да ја задржите особено во овој период, бидејќи колку и да сака таа да се оттргне од вашата прекумерна заштита, разговор и е секогаш потребен. Поставете се како пријател и бидете и најголема поддршка и подгответе одговор за секое прашање.

Донесување одлуки место неа. На вашата ќерка никогаш не треба да и наметнувате свои идеи за тоа како треба да го живее животот. Дозволете и да биде независна и сама да одлучува за тоа во која насока ќе ја одведе својата иднина. Направете од неа храбра и самоуверена жена која ќе може да застане гордо зад секоја своја постапка.

Извор: http://stil.kurir.rs/

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот