Психоделичното Порше на Џенис Џоплин на изложба на Флорида

0

Една од најголемите светски рок икони, Џенис Џоплин, во наследство не остави само сјајна музика, туку и едно интересно возило. Станува збор за единствениот психоделичен Порше кабриолет 356 SC oбоен во друга боја од фабричката врз која има цртежи од пеперуги и разни психоделечни мотиви.

Минатата година овој уникатен автомобил достигна проценка од неверојатни 1,76 милиони долари на аукција во Њујорк. Наскоро истиот ќе се најде на изложба за автомобили Amelia Island Concours, каде ќе биде изложен заедно до 250 уникатни модели на Порше од целиот свет.

Нескротливиот дух на Џоплин од 60-тите ќе ги стави сите љубители на автомобилската индустрија и уникатните примероци со богата историја, пред еден силен предизвик.

Џенис Џоплин во својот автомобил знаела да јури низ улиците на Лос Анџелес, а во него го поминала и целато западно крајбрежје на Америка. Од 250-те возила на изложбата, веруваме дека за овој ќе се создаде посебна гужва.

Janis-Joplin-Porsche-356

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот