Прво интернационално графичко биенале во Скопје

0

Во рамки на „Скопско лето“ и во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, вечерва во просториите на Музеј на град Скопје ќе биде отворено „Интернационално графичко биенале – Скопје”, прво од ваков вид во Македонија.

На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 60 графички дела на автори од петнаесетина земји, меѓу кои Кина, Германија, Австралија, САД, Канада, Тајван, Полска, Хрватска.

Интернационалното графичко биенале во Музеј на град Скопје ќе биде отворено до 19ти август.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар