Првиот час од животот на новороденчето

0

Британските научници во тек на три години ги набљудувале новородените бебиња за во нивната студија да доловат како изгледаат првиот час од животот на едно новороденче.

Во првите неколку секунди бебето пушта гласен крик кој му помага да си ги разбуди белите дробови. По крикот бебето се одмора помалку од минута, лежејќи сосема мирно на мајчините гради. Овој миг на тишина според научниците, може да е резултат на еволуцијата во која бебињата морале да се кријат од предаторите. Кога ќе почне да се буди, вообичано во неговите први десетина минути од животот, новороденчето за првпат ги отвора очите. Полека почнува да ги поместува главата и усните.

bebe

Првите дваесетина минути од својот живот бебето станува активно и ги држи очите отворени до 5 минути, па и подолго. Во текот на оваа активна фаза, се чини дека развива интересирање за јадење, бидејќи гледа во мајчиното лице и гради и испушта тивки слатки звуци и со рацете посегнува кон својата уста. После половина час од раѓањето новороденчето веќе е одморено и почнува да се поместува кон мајчините гради, а мирисите му помагаат да се ориентира. После еден час од раѓањето, бебето почнува да цица, најнапред мала количина колострум, кој тече пред млекото, а е полн со белковини и супстанци кои го јакнат имунитетот, па потонува во заслужен сон.

Британските научници предупредуваат дека овие заклучоци се добиени со набљудување на десетици бебиња, така што какво било отстапување во минутажата е сосема нормално.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот