Првата жена фоторепортер од Јапонија се уште фотографира на 101 година

0

Tsuneko Sasamoto е една од првите женски фоторепортери во Јапонија.
Родена на 1-ви септември 1914 година, таа исто така е една од најстарите фотографи во земјата која, иако минатата година настрадала од скршеници на раката и двете нозе, сè уште прави одлични фотографии.
1
Sasamoto во моментов фотографира цветови за проект наречен „Flower Glow” (“Hana Akari”), посветен на сите нејзини покојни пријатели.

Таа станува професионален фотограф на 25 години и се ориентира повеќе на фотографија која ја отсликува предвоената и повоената Јапонија. Според Zaikeinnews, нејзината вродена љубопитност е таа што ја мотивира да работи напорно. „Уплашена, но љубопитна; не ми се допаѓа, но сакам да го видам. Се чувствувам должна да се соочам со светот и да им покажам на луѓето што сум видела, едноставно сакам да го овековечам тоа со фотографии“ вели Sasamoto.

„Најважно е да останете позитивни во вашиот живот и никогаш да не се откажувате“

3
Погледнете дел од нејзините историски фотографии.

4
5
6
7
8  10