Прв вински настан од едукативен карактер во Македонија – „Винодонија 2016“

0

„Винодонија 2016“ е првиот вински настан од едукативен карактер во Македонија, кој има за цел подигнување на винската култура во земјава и развој на нашиот вински регион“, рече на денешната прес конференција Звонко Херцек во хотелот Мериот, директор на скопскиот вински салон Винодонија.

Како што инфомираа организаторите, станува збор за прв настан од овој тип кој се оджрува во земјава, на кој публиката ќе има можност да дегустира вина од над 30 винарии од Македонија и Блаканот, како и да учествува во над 10 работилници на кои, помеѓу другото, ќе се спарува вино и чоколадо, вино и храна, и ќе има можност  да се дегустира просеко и шампањ.

Претседателот на здружението на Сомелиери на Македонија, Александар Вучковски истакна дека „Винодинија 2016“ нуди вистински пристап кон виното, нешто кое не може да се добие на забавно-конзуматорските вински манифестации кои досега се организирани во Македонија.

„Публикaта ќе има можност во пријатна, елегантна атмосфера да дегустира вино, да добие едукативни информации директно од енолозите и луѓето кои се вклучени во производството на виното, и на тој начин да се запознаат со најновите стилови и трендови во винотo“, рече Вучковски.

Тој очекува дека овој настан ќе прерасне во традиција.

7e21d289-e25d-4a21-ad7f-58af554266b8

Интернационалниот вински судија, Ивана Симјановска информираше дека во рамки на салонот ќе бидат организирани и едукативни настани наменети не само на винската публика, туку и за претставниците на винската индустрија, кои ќе имаат можност да се запознаат со најновите дострели на винскиот маркетинг и со начините за зголемување на продажбата на вино во угостителскиот сектор.

2e48d4ee-6430-4155-a4b1-bdd850ad2833

Винскиот салон „Винодонија“ ќе се одржи на 11 и 12 ноември, во хотел Мериот, во центарот на Скопје. Организаторите најавуваат прусутво на винарии од  Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Бугариј и Италија, кои пред македонската публика ќе се претстават со автохтони вински сорти и стилови.