Прв детски ЗОО Маратон во Зоолошка градина Скопје

0

По повод, 9-ти Мај, Денот на Европа во Скопје ЗОО за прв пат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје.

Во ботаничката градина ќе се одржат четиритрки- две на 150 метри ( машка и женскакатегорија, 7-8 години) и двена 100 метри ( машка и женскакатегорија, 5-6 години). За сите дечиња се обезбедeни подароци , а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.

Пријајвувањето ќе започне од четврток (25-ти април). Податоците за учесникот- име и презиме и датум на раѓање се испраќаат на мејлот: zoolskaskopje@gmail.comдо 5-ти мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот